Достапни линкови

Заврши проверката на АКМИС во Врховниот суд


Илустрација-влезот во зградата на Врховен суд на Република Македонија

Комисијата за проверка на системите за распределба на предметите во судовите од Министерството за правда денеска ја заврши проверката на АКМИС во Врховниот суд на Република Македонија. По проверката во Врховен, Комисијата следната недела ќе излезе со извештај за утврдената состојба во судовите каде се проверуваа системите за распределба на предметите.

Претседателот на Комисијата судијата Лазар Нанев вчера изјави дека проверката на АКМИС во Апелацискиот суд во Скопје покажала дека водењето на уписниците било законско. Комисијата претходно изврши проверка на системот за распределување на предмети и во скопскиот Кривичен суд.

Проверката на системите во трите суда следува откако во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем, кој ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отворање на предметот до негова распределба кај судија.

XS
SM
MD
LG