Достапни линкови

Жбогар - Македонија оди во добра насока


Архивска фотографија-евроамбасадорот Самуел Жбогар

Европската унија гледа со оптимизам во напорите што ги прави Владата во однос на проблемот кој го има Грција со името на Македонија, истакна денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар при посетата на СВР Скопје. Тој рече дека очекува од Владата и институциите да покажат посветеност и резултати поврзани и со реформите. Во однос на можноста меѓународната заедница да изврши притисок врз Грција да дозволи влегување на Македонија во НАТО под привремената референца, амбасадорот истакна дека секогаш е подобро прашањата да се решаваат преку дијалог на задоволство на двете страни.

XS
SM
MD
LG