Достапни линкови

САД загрижени од новиот руски закон за странски медиуми


Американскиот амбасадор во Русија, Џон Хантсман денеска го посети бирото на Радио Слободна Европа во Москва

Американскиот амбасадор во Русија, Џон Хантсман денеска го посети бирото на Радио Слободна Европа во Москва во знак на поддршка на американските медиуми кои може да бидат погодени од рускиот закон за странски медиуми. Тој рече дека рускиот закон создава „голема загриженост“.

На руските образложенија дека законот е одговор на американските активности кон руската државна телевизија РТ, Хантсман рече дека законот „воопшто не е реципрочен“. Барањето РТ да ги објави финансиските информации за работењето во САД има цел да обезбеди транспарентност, рече тој.

„Тоа е многу различно од прогласувањето на некого за странски агент и со тоа правејќи ја неговата работа речиси невозможна“, рече тој.

Рускиот парламент донесе закон според кој медиумите кои се финансирани од странство се прогласуваат за странски агенти.

XS
SM
MD
LG