Достапни линкови

Деновите на Мугабе на власт се избројани


Мугабе денеска присуствуваше на церемонија за доделување дипломи, но таму не се појави неговата сопруга

Раководството на владејачката партија ЗАНУ-ПФ во Зимбабве денеска наводно одржува состанок на кој треба да подготви резолуција за разрешување на претседателот Роберт Мугабе овој викенд, со што ќе се создадат услови за негов импичмент наредната недела, доколку тој одбие да се повлече. Висок партиски извор за Ројтерс денеска изјавил дека „нема враќање назад“.

Армијата на Зимбабве соопшти дека разговарала со 93-годишниот Мугабе за негово заминување, додека апси луѓе блиски до него и до неговата 52-годишна сопруга Грејс.

Во меѓувреме, поранешниот потпретседател Емерсон Мнангава се врати во земјата, информира негов советник. Разрешувањето на Мнангава минатата недела, кој се сметаше за можен наследник на Мугабе, ја предизвика воената операција за преземање на контролата врз главниот град Хараре и ставањето на Мугабе во домашен притвор. На воената операција се гледа како на спречување на сопругата на претседателот Мугабе да ја преземе власта.

Мугабе денеска прв пат се појави во јавноста, откако беше ставен во домашен притвор. Тој присуствуваше на церемонија за доделување дипломи, но таму не се појави неговата сопруга.

На преговорите за негово повлекување од власт учествуваат и претставници од Јужна Африка и од другите земји во регионот.

XS
SM
MD
LG