Достапни линкови

НАТО - Немаме таен план за Западен Балкан


Официјалниот претставник за Русија и Западен Балкан од одделението за јавна дипломатија во НАТО, Роберт Пшчел

Официјалниот претставник за Русија и Западен Балкан од одделението за јавна дипломатија во НАТО, Роберт Пшчел денеска оцени дека регионот се движи во вистинска насока бидејќи сите земји сакаат да станат членки на Европската унија. Според него, ЕУ е посакувана цел на сите во регионот, НАТО само за некои, но, сепак, како што рече, никој не е исклучен.

Тој истакна дека НАТО има позитивна агенда за Западен Балкан и дека нема „тајни планови и идеи“.

Псцел смета дека треба да се реши проблемот со дезинформирање, што, според него, преовладува речиси секаде, притоа наведувајќи дека тоа не е проблем само на ЕУ, НАТО или одделни земји. Оцени дека тоа предизвикува недоверба или влијае на добрососедските односи и затоа, како што посочи, е важно да се проверуваат изворите.

XS
SM
MD
LG