Достапни линкови

Нови директори на ЈСП, Водовод и Улици и патишта во Скопје


Илустрација: Јавни работници во Скопје

Кристијан Чушков е нов директор на ЈСП „Скопје“, Душко Весковски на ЈП „Водовод и канализација“, а Сенад Смаиловиќ на ЈП „Улици и патишта“.

Новите директори на јавните претпријатија денеска ги назначи скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Новите директори најавија дека ќе направат комплетна ревизија на работата на претпријатијата.

Ова е прва промена на директорските места во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје. Се очекува во наредниот период да бидат назначени први луѓе и на останатите јавни претпријатија и културни институции во Скопје.

XS
SM
MD
LG