Достапни линкови

Мафијашкиот бос Тото Рина почина во затвор во Италија


Мафијашкиот бос Тото Рина

Почина озлогласениот шеф на италијанската мафија Салваторе Тото Рина. Тој починал во затворската болница во Парма од природна смрт на 87-годишна возраст, јавуваат италијанските медиуми.

Еден од најмоќните шефови на сицилијанската мафија беше осуден на 26 доживотни казни затвор за десетици убиства извршени во периодот од 1969 до 1992 година. По негова наредба беа убиени легендарните италијански антимафијашки судии Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Во затвор е од 1993 година.

XS
SM
MD
LG