Достапни линкови

Албански командоси дезертирале во Британија


Четворица припадници на специјалната единица „командоси“ на албанската армија, кои биле во Британија дезертирале по завршување на обуката. Според албанските медиуми, војниците требало да се вратат на крајот од октомври, но тие по завршување на обуката не се вратиле со своите колеги во Албанија. Албанското Министерство за одбрана потврди дека откако било констатирано дека војниците не се вратиле биле известени британските власти. Идентитетот на војниците не е познат. Албанското Министерството за одбрана до сега има поднесено 16 пријави поради дезертирање.

XS
SM
MD
LG