Достапни линкови

ОН: продлабочена хуманитарна криза во Јемен поради блокадата


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш упати писмо до саудиското претставништво во Светската организација забележувајќи и на таа земја што не придонесла за повторно отворање на клучните аеродроми и пристаништа во Јемен со што се продлабочува тамошната хуманитарна криза за 28 милионското население. Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија на 6 овој месец воведе блокада на Јемен откако саудиската војска пресретнала ракета истрелана од Јемен. Подоцна одговорноста за нападот ја презедоа шиитските бунтовници. Во граѓанската војна во таа земја од март 2015 година загинале над 9 илјади луѓе, а над 2 ипол милиона се во бегалство.

XS
SM
MD
LG