Достапни линкови

Оставка на главниот судија на ЕУ мисијата на Косово поради злоупотреби


Главниот судија на мисијата на ЕУ што го надгледува правосудниот систем на Косово поднесе оставка и е под истрага за злоупотреби, соопшти ЕУЛЕКС. Станува збор за Малколм Симонс кој е под истрага за, како што се наведува, „сериозни обвинувања“. Пред да поднесе оставка тој беше судија на Косово од 2008 година, а за главен судија е наименуван во 2014 година. Во соопштението на ЕУЛЕКС не се наведува природата на истрагата, но се истакнува дека ЕУ и ЕУЛЕКС работат со нула толеранција кон несоодветно однесување или злоупотреба. Симонс во интервју за француски „Ле Монд“ вели дека поднесол оставка затоа што ниту Британија ниту ЕУ не ги поддржале неговите апели за истрага во врска со „корупцијата во програмата за Косово“.

XS
SM
MD
LG