Достапни линкови

Мугабе одбива да ја предаде власта


Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе инсистира дека тој е единствениот легитимен шеф на државата и се спротиставува на посредувањето на католички свештеник со кој би се овозможило чесно и мирно повлекување од власта во оваа земја. Според извори на Ројтерс кои разговарале со Мугабе и неговата сопруга на нивниот раскошен имот „Сина куќа“, било речено дека долгогодишниот лидер не планира да се повлече доброволно пред изборите кои се планирани за следната година.

Привременото преземање на власта од страна на армијата укажува на колапс за помалку од 36 часа на целиот систем за безбедност и политичко покровителство кое го одржа на власт Мугабе цели 37 години. Свештеникот Фиделис Муконори кој посредува помеѓу Мугабе и генералите кои ја презедоа власта во средата во „операција против криминалците“ во опкружувањето на претседателот Мугабе, засега не успеа да оствари поголем напредок.

XS
SM
MD
LG