Достапни линкови

Советот за безбедност ќе одлучи дали продолжува истрагата за хемиските напади во Сирија


Советот за безбедност на Обединетите нации денеска се очекува да се изјасни во врска со спротиставените американски и руски предлози за обновување на меѓународна истрага за тоа кој е одговорен за нападите со хемиско оружје во Сирија, соопштуваат дипломатски извори. Заедничката истрага од страна на ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје, која неодамна откри дека сириската влада го користела забранетиот нервен гас сарин во априлскиот напад, истекува денеска на полноќ. Русија се спротивстави на овие наоди и најверојатно ќе стави вето на предлогот на САД за продолжување на истрагата за уште една година, и покрај некои промени што САД ги вклучија во мерката, во обид да ја придобијат поддршката на Москва. Русија има право на вето како еден од петте постојани членки на Советот за безбедност. Но, дипломатите соопштуваат дека предлогот на Москва за продолжување од една година, кој повикува на реконструкција на истражниот механизам, најверојатно нема да добие девет гласови потребни за поминување. Русија, која силно го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад, стави вето на девет резолуции на Советот за војната во Сирија, која почна во 2011 година. Москва го блокираше продолжувањето на истрагата за хемискиот напад за две години, што САД го предложија минатиот месец.

XS
SM
MD
LG