Достапни линкови

Седница на Советот за безбедност на Србија за изјавите на Изетбеговиќ


Српскиот Совет за национална безбедност одржа итна седница по повод изјавите на бошњачкиот член на Претседтаелството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, во врска со Косово и Република Српска. По седницата, српскиот министер за внатрешни работи и секретар на Советот, Небојша Стефановиќ изјави дека Србија „добро ги разбрала пораките на Бакир Изетбеговиќ за Косово“, коим како што рече, „не се добрососедски“.

"Ова е првпат еден клучен политичар во БиХ да изрази таков став, со кој се надева дека БиХ ќе ја признае независноста на Косово. Ова е политичка изјава, а кога некој изнесува таков став, тој ги комплицира односите со БиХ, ја загрозува стабилноста на регионот и ги загрозува интересите на Србија, па таа е должна да реагира", изјави Стефановиќ, без да прецизира кои конкретни мерки Белград ќе ги превземе во врска со изјавата на Изетбеговиќ.

Српската опозиција остро реагираше на седницата на Советот за национална безбедност.

Седницата на Советот за национална безбедност беше итно закажана пред два дена по интервјуто на Бакир Изетбеговиќ за Дојче Веле, кога тој изјави дека што се однесува до него, Косово морало досега да биде признато, но дека за тоа е потребен консензус на ниво на БиХ. Инаку, на денешниот состанок било разговарано и за ситуацијата во Косово, за текот на Бриселскиот дијалог со Приштина, како и за опремувањето на армијата и полицијата со современа опрема.

XS
SM
MD
LG