Достапни линкови

АКМИС системот во Апелација правилно воден, ќе се проверува и во Врховен


Проверката на АКМИС-системот во Апелациониот суд во Скопје покажала дека водењето на уписниците било законско, информира денеска судијата Лазар Нанев, кој е претседател на комисијата за проверка на системите за распределба на предметите во судовите.

Нанев најави дека во наредните денови ќе биде направен увид на АКМИС и во Врховниот суд, по што ќе излезат со извештај за утврдената состојба во судовите каде се проверуваа системите за распределба на предметите.

Комисијата претходно изврши проверка на АКМИС системот за распределување на предмети и во скопскиот Кривичен суд.

Проверката на АКМИС во трите суда следува откако во извештајот на германскиот експерт Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем, кој го автоматизира распределувањето на предметите кај судии.

XS
SM
MD
LG