Достапни линкови

Украина поддржува размена на заробеници со сепаратистите


Архивска фотографија: Украински војници во регионот Донецк

Украинската служба за безбедност денеска соопшти дека ги поздравува „сите чекори“ на Русија, кои ќе ја олеснат размената на луѓе што ги држат Киев и сепаратистите во Источна Украина кои имаат поддршка од Москва. Украинската служба за безбедност ова го соопшти денеска, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин на сепаратистичките лидери од Доњецк и од Луганс им кажа дека се залага за план за размена на затвореници со Киев.

Руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, вчера објави дека Путин телефонски разговарал со сепаратистичкиот лидер на Доњецк Александар Захарченко и на Луганск, Игор Плотницкиј.

Ова е прво јавно објавување за директен контакт на Путин со сепаратистичките сили.

До разговорот дојде откако Путин му вети на лидерот на проруската украинска организација Избор, Виктор Медведчук, дека ќе разговара со сепаратистичките лидери за размена на затвореници со Киев.

Русија официјално демантира секаква инволвираност во конфликтот во двата региони каде што сепаратистите ја имаат контролата врз некои делови од пролетта 2014 година.

XS
SM
MD
LG