Достапни линкови

Седумнаесет лица досега настрадаа од поплавите во областа Атика


Човек и помага на жена на поплавена улица во Мандра

Седумнаесет лица досега настрадаа од поплавите во грчката област Атика, говорат последните официјални информации. Пожарникарите во моментов бараат шест исчезнати лица, објавија локалните медиуми.

Според медиумските извештаи, патиштата во околината на Мандра, гратче во западните региони на Атина, повторно се под вода поради поројниот дожд што врне од почетокот на оваа недела.

Најмалку десетмина загинати во поплавите кај Атина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:39 0:00

Во западниот дел на Атика има зајакнато присуство на пожарникари со противпожарни возила и друга опрема која продолжува да испумпува вода од поплавените куќи и да извлекува оштетени автомобили во невремето.

XS
SM
MD
LG