Достапни линкови

Над 427 илјади квалификувани Грци избегале од земјата поради кризата


Архивска фотографија: Аеродромот Елефтериос Венизелос во Атина

Во периодот на економска криза во Грција, од 2008 до 2013 година, 427 илјади квалификувани Грци ја напуштиле земјата.

Според гувернерот на Грчката централна банка Јанис Стурнарас, заминувањето на квалификуваниот кадар од Грција е тешко да се прекине без трајно подобрување на економската клима.

На настан организиран од фондацијата „Фулбрајт“, гувернерот истакнал дека квалификуваните млади луѓе на возраст од 25 до 39 години ја напуштиле Грција во потрага по работа за подобра плата и перспектива.

Според него, младите образовани кадри можат да се вратат, имајќи го предвид поттикнувањето на иновативните центри во земјата, кои би можеле да ја привлечат оваа категорија.

XS
SM
MD
LG