Достапни линкови

Чавушоглу: Отстранети од должност четвртина од дипломатите


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Турското Министерство за надворешни работи отстрани од должност една четвртина од дипломатите, поради сомнение дека одржувале врски со групата одговорна за минатогодишниот обид за воен удар, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На состанокот во Министерството за надворешни работи, Чавушоглу истакна дека разрешувањата биле направени врз основа на сериозни докази. Тој дополни дека бројот на лица кои се враќаат на своите функции, покажува дека Министерството „не дозволило грешка“.

Според турските власти, т.н. ФЕТО (Фетулистичка терористичка организација) на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во САД, е одговорна за обидот за преврат на 15 јули 2016 година.

XS
SM
MD
LG