Достапни линкови

ЕУ ќе и исплати на Турција три милијарди евра за бегалците


сиријски бегалци во Турција, архивска снимка

Европската унија соопшти дека до крајот на годината ќе и ги исплати на Турција трите милијарди евра наменети за помош на бегалците, кои и ги вети со Договорот за запирање на бегалскиот прилив, склучен во 2016 година. Анкара досега во неколку наврати ја обвини ЕУ дека не ги исполнила своите обврски од Договорот, пред се во делот на исплата на финансискате помош за згрижување на бегалците што се наоѓаат во Турција. Со Договорот, Анкара се обврза на запирање на приливот на бегалци од турска територија кон Балканот, а за возврат Брисел вети финансиска помош за нивно згрижување во Турција, укинување на визниот режим за турските државјани при патување во земјите од Унијата и забрзување на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

XS
SM
MD
LG