Достапни линкови

Трамп: азиската турнеја - историска


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата турнеја во Азија покажала дека позицијата на САД во светот „никогаш не била посилна“. Трамп во получасовното обраќање од Белата куќа зборуваше за двенеделната азиска турнеја и, како што рече, сака да ја запознае нацијата со „огромните успеси“ во текот на престојот во Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините. Трамп особено се осврна врз двете централни точки на неговото патување: севернокорејските закани и трговската размена со Азија. Притоа тој изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг увидел дека Северна Кореја со нуклеарно оружје претставува сериозна закана и затоа Пекинг ќе изврши притисок врз таа земја.

XS
SM
MD
LG