Достапни линкови

Најмалку 14 загинати во поплавите во Грција


Последици од поплавите во Мандра

Најмалку 14 лица се загинати во поплавите што денеска ги зафатија реоните на градовите Мандра, Неа Перамос и Мегара, кои се наоѓаат на околу 30 километри западно од Атина, соопштуваат грчките власти.

Според нив во поплавите повредени се најмалку 13 лица, кои се пренесени во болница, а дека уште неколкумина се водат како исчезнати. Најголемиот број од загинатите се повозрасни лица, чии тела биле пронајдени во нивните полавени домови.

Поплавите предизвикани од бурата Евридика која беше проследена со поројни дождови, нанесоа огромни штети додека голем број локални жители остана заглавени во своите домови.

Поради поплавите затворени се повеќе училишта во тој дел на Грција, а во Мандра и Неа Перамос властите прогласија вонредна состојба.

XS
SM
MD
LG