Достапни линкови

Повик на мигранти за одржување марш на грчко-македонската граница


Архива - Протест на мигранти во кампот Идомени во Грција во близина на границата со Македонија.

Десетици баратели на азил се собираа во северниот грчки град Солун, по повикот објавен преку социјалните медиуми за одржување марш на северната граница на Грција со Македонија, а во знак на протест поради нивната неможност да се преселат во други европски земји.

Околу 80 луѓе, главно од Ирак и Сирија, вклучувајќи и многу семејства со деца, се собраа денеска на централниот плоштад во Солун пред закажаниот марш до границата. Некои, во текот на ноќта, пристигнаа од бегалските кампови во Атина и од други места, јавуваат грчки медиуми.

Десетици илјади бегалци и мигранти во моментов се заглавени во Грција, во неможност да одат кон нивните посакувани дестинации во Европа, откако земјите ги затворија копнените граници на почетокот од минатата година, затворајќи ја балканската рута.

XS
SM
MD
LG