Достапни линкови

Изгласана потребата од носење на Законот за употреба на јазиците


Илустрација: Собраниска седница

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог-законот за употреба на јазиците со што тој влегува во втора фаза кога пратениците имаат можност да поднесуваат амандмани.

За потребата од носење на законот гласаа 66 пратеници, а 41 пратеник беа против.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пред гласањето истакна дека неговата партија ќе гласа против бидејќи сметаат дека законот е противуставен и е дискриминаторски кон македонскиот јазик и останатите јазици кои ги говорат граѓаните во Македонија.

По гласањето, Димовски побара половина час пауза и да му биде доставена листа од гласањето.

Амандманите за Предлог-законот ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, бидејќи законот е со европско знаменце. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.

XS
SM
MD
LG