Достапни линкови

Армијата на Зимбабве демантира дека извршила воен удар


претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе

Армијата на Зимбабве излезе на улиците во главниот град Хараре, наведувајќи дека сепак не станува збор за воен удар и оти претседателот Роберт Мугабе бил безбеден. Според армиското соопштение, цел на акцијата биле „криминалците кои предизвикале големи економски тешкотии во земјата“. „Веднаш откако ќе ја комплетираме мисијата, очекуваме ситуацијата да се врати во нормала“, изјави денеска претставник на армијата, упатувајќи повик до другите безбедносни служби да соработуваат за „доброто на земјата“. Претходно армијата ја презеде и државната радио телевизија. За време на изминатата ноќ во Хараре се слушале престрелки. За прв пат оваа африканска земја се соочува со отворен конфликт меѓу армијата и претседателот Роберт Мугабе, најстариот шеф на една држава во светот. Армијата беше столб на неговото владеење.

XS
SM
MD
LG