Достапни линкови

Меј: Русија нема да успее во сеењето раздор на Западот


Британската премиерка Тереза Меј

Руските напори за сееење раздор на Западот нема да успеат, и тие веќе ги поттикнуваат западните сојузници да работат заедно за да се спротивстават на мешањето на Москва, рече британската премиерка Тереза Мај во нејзиното обраќање на прием во Лондoн.Таа изјави дека може да се наведе листа на руски акции кои претставуваат закана за меѓународниот поредок, посочуавјќи ги нелегалната анексија на Москва на Крим во 2014 и неодамнешните сајбер напади во Европа и во САД. Москва "ги распоредува своите државни медиумски организации да фабрикуваат лажни приказни и фотографии, во обид да посеат раздорот на Запад и да ги поткопаат нашите институции", рече таа. "Значи имам многу едноставна порака за Русија. Знаеме што правите и нема да успеете", изјави Меј.

Нејзината изјава е спротивна на пријателските забелешки на американскиот претседател Доналд Трамп кој за време на викендот изјави дека верува во кажувањата на рускиот претседател Владимир Путин, дека Русија не се мешала во минатогодишните претседателски избори во САД, како што тврдат американските разузнавачки агенции.

XS
SM
MD
LG