Достапни линкови

САД: Тешко е да се сфати пресудата за палењето на Амбасдата во Белград


Полицајци носат повредени полицајци пред американската амбасада на протестот против независност на Косово. Белград, 2008 година

Американската амбасада во Белград денеска оцени дека тешко е да се сфати што не се казнети со затвор обвинетите за опожарувањето на нејзината зграда во 2008 година, откако белградскиот Виш суд им изрече условни казни на четворица обвинети, додека тројца други беа ослободени од обвинението поради недостиг на докази.

"Тешко да се сфати конечниот исход на пресудата, што ниту еден од седумте обвинети, од кои четворица во присуство на законски застапници признале дека учествувале во сериозен прекршок, не се осудени на затворски казни", се вели во соопштението на Амбасадата на САД во Белград по повод денешната пресуда.

Американската амбасада наведува дека „ја примиле на знање пресудата што денеска ја издаде Вишиот суд во Белград“. -

"Тешко е да се сфати дека се потребни девет години за да се донесе пресуда во случај на имотна штета од речиси половина милион долари и за смрт на едно лице", се додава во соопштението.

Во реакција по пресудата, Амбасадата на САД потсетува дека според меѓународното право, земјата домаќин е одговорна за заштита на странските дипломатски мисии.

Американската амбасада констатира дека се уште не е покрената постапка по обвинението поднесено од Обвинителството против пет полициски офицери во мај годинава.

"Американската амбасада го поддржува владеењето на правото, но бара и да се задоволи правдата во случајот со нападот врз зградата на Амбасадата во февруари 2008 година", се истакнува во соопштението

Демонстрантите се обидоа да упаднат и подметнале пожар во Американската амбасада во Белград во февруари 2008 година. Десетици илјади луѓе тогаш излегоа на улиците на Белград на протест откако неколку дена претходно Косово прогласи независност.

XS
SM
MD
LG