Достапни линкови

Медиумските работници да иницираат промени во Законот за медиуми


Mинистерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски

Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кој би се регулирала работата на порталите, но е отворена за сугенстии за законот доколку професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска по средбата со претставникот за медиуми во ОБСЕ Харлем Дизер.

“Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање од медиумските работници.Мислам дека ни треба консензус како општество ако треба да го отвориме ова прашање,” истакна Манчевски.

Претставникот на ОБСЕ Дезир истакна дека законот за измени и дополнување на Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги е многу важен и измените ќе придонесат кон подобрување на состојбата на МРТ, во независноста во работењето и подобрување на улогата на Агенцијата.

Тој ја поздрави одлуката на Владата за укинување на владините реклами.

„Со укинувањето на владините реклами и со другите измени во Законот за АВМУ се оневозможуваат контролата и притисокот во медиумите“, смета Дезир.

Манчевски додаде дека Маккедонија како земја има сериозен проблем со т.н. феик њуз или лажни вести.

“Ние сме извор на феи књуз на глобално ниво, но работиме заедно и веќе разговарав како може ова прашање на глобално ниво да го адресираме. Ние како Македонија, како мала земја сме прилично голем играч во областа на феи књуз и во рамки на Глобалниот самит за Западен Балкан што ќе се одржи на пролет ќе има посебен панел само за ова. Ќе ги поканиме сите големи медиуми и меѓународни организации затоа што сакаме заеднички да го дебатираме”, истакна министерот Манчевски

XS
SM
MD
LG