Достапни линкови

Заврши општата расправа по законот за јазиците


Собрание на Република Македонија

Собранието на Република Македонија десетина минути по почетокот на попладневното продолжение на 15. седница ја заврши општата расправа по Предлог - законот на законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, најави дека седницата ќе продолжи утре напладне кога се очекува пратениците да гласаат за Предлог-законот, по што народните избраници ќе можат да поднесуваат амандамни по текстот.

На денешната расправа пратениците од владејачкото мнозинство порачаа дека навлегуваме во фаза на градење доверба меѓу заедниците.

" Да испратиме порака дека Собранието ќе им ги гарантира сите права на граѓаните, независно од кој етникум доаѓаат и на кој јазик зборуваат", порачаа пратениците од владејачкото мнозинство..

Опозицијата повторно го искажа ставот дека законот е неуставен, дека нема да биде применлив и дека ќе резултира со дополнителни фрустрации кај граѓаните.

Решението, како што истакнаа претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, е набрзина предложено и е со европско знаме, и тоа предизвика дополнителен сомнеж и страв кај дел од јавноста. Според оваа партија, во втората фаза законот треба да се надгради со елементи кои дополнително ќе ги засилат граѓанскиот и мултиетничкиот карактер на државата.

Собранието по завршувањето на расправата за Предлог - законот на законот за употреба на јазиците, во прво читање ја продолжи работата по 12. седница на која на дневен ред се закони од опозицијата и одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието

XS
SM
MD
LG