Достапни линкови

Илјадници преживеани од земјотресот во Иран престојуваат на отворено, бројот на загинати расте


Луѓе по земјотресот од 7,3 степени во западната провинција на Иран, Керманшах, на 13 ноември 2017 година.

Илјадници преживеани од земјотресот во Иран, во близина на иранско-ирачката граница престојуваат под отворено небо и имаат потреба од храна, вода и други основни намирници. Повеќето од жрвите во земјотресот со сила од 7.3 степени се од провинција Керманшах, а официјалните медиуми објавија дека загинаа најмалку 530 лица, а повеќе од 8.000 други се повредени во Иран. Од другата страна на границата во Ирак, официјални лица објавија дека најмалку седум лица загинаа, а над 530 други се повредени. Во Иран денеска е прогласен ден на жалост, а претседателот Хасан Рохани го посети овој регион и вети дека владата "ќе ја искористи сета своја моќ за решавање на проблемите во најкус рок". Во меѓувреме, Бехнам Саиди, портпарол на единицата за кризи рече дека операциите за пребарување завршиле . Властите велат дека неколку градови и речиси 2.000 села биле оштетени. Се наведува дека неколку села се целосно избришани од мапата.

Според официјален претставник на Црвената полумесечина од Иран околу 12.000 станбени објекти целосно се распаднале.

XS
SM
MD
LG