Достапни линкови

Условни казни за палењето на Американската амбасада во Белград


Протест пред Американската амбасада во Белград на 21 февруари 2008

Четворица обвинети за палењето на Американската амбасада во Белград во 2008 година денеска беа осудени на условни затворски казни, а другите тројца обвинети беа ослободени од одговорност. Вишиот суд во Белград осуди тројца од обвинетите на шест месеци затвор, кој нема да го одлежат ако во наредните две години не го повторат делото, а четврток добил пет месеци условно, ако не го повтори делото во наредните две години.

Тие се осудени зашто биле свесни дека можам да предизвикаат општа опасност во животите на луѓето кога со камења и други предмети ја гаѓале амбасадата.

Нивниот адвокат изјави дека казните се скромни, затоа што тие се осудени само за фрлање со камења, но не и за палење на амбасадата.

Демонстрантите се обидоа да упаднат и подметнале пожар во Американската амбасада во Белград во февруари 2008 година. Десетици илјади луѓе тогаш излегоа на улиците на Белград на протест откако неколку дена претходно Косово прогласи независност.

Едно 20-годишно момче тогаш загина во пожарот.

Вашингтон е силен поддржувач на независноста на Косово од Србија.

XS
SM
MD
LG