Достапни линкови

СЈО ѝ ги предаде на одбраната доказите за „Труст“


Сеад Кочан

Специјалното јавно обвинителство денеска во судницата во Кривичниот суд ѝ ги предаде на одбраната доказите за случајот „Труст“, по што судијката Лидија Трајковска Зимбовска не дозволи повторно одложување на судското рочиште.

Одбраната претходно се пожали дека не им се дадени сите докази на увид, поради што и беше одложено рочиштето на 7 ноември.

На судењето е присутен и Сеад Кочан, првообвинет во случајот „Труст“. Обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за местење тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

XS
SM
MD
LG