Достапни линкови

Руски поп осуден за подведување во Белорусија


Свештеникот Николај Кирејев пред судот во Белорусија

Руски православен свештеник е осуден на 5 ипол години затвор за обид за подведување и за трговија со луѓе од судот во Белорусија. Регионалниот суд во Витсебс во источна Белорусија вчера утврди дека 39-годишниот свештеник Николај Кирејев е виновен зашто се обидел да одведе две Белорусинки во Русија да работат како проститутки.

Неколку минути пред изрекување на пресудата, тој пред новинарите изјави дека не е виновен.

Судењето, кое почна на 25 октомври, се одвиваше зад затворени врати.

Истражителите соопштија дека 19-годишна Таџикистанска веќе е осудена за вмешаност во случајот и отслужува петгодишна затворска казна во Белорусија.

По апсењето на Кирејев во август, Руската православна црква соопшти дека ќе ми биде забрането да служи додека случајот не се реши.

XS
SM
MD
LG