Достапни линкови

Одбраната на Кочан повторно тврди дека не ги добила сите докази за „Труст“


Сеад Кочан

Во скопскиот Кривичен суд денеска се одржува рочиште за случајот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеат Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за незаконско добивање тендер на Електрани на Македонија.

На судењето е присутен и првообвинетиот Кочан. Неговите адвокати и денеска се пожалија дека не им се дадени сите докази на увид, поради што и беше одложено претходното рочиште на 7 ноември. Одбраната бара од судот да го задолжи Специјалното јавно обвинителство да ги даде сите докази што наведени во обвинението, и да им се даде доволно време да ги разгледаат.

Од СЈО, пак, тврдат дека тие до судот ги доставиле доказите во доволен број примероци и оти, според процедурата, судот е должен да ѝ ги предаде на одбраната листите со докази покрај обвиненијата.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

XS
SM
MD
LG