Достапни линкови

Трамп – Во трговијата со САД мора да има фер односи


Американскиот претседател Доналд Трамп на заминување од Филипините

Американскиот претседател Доналд Трамп на крајот на својата азиска турнеја денеска изјави дека сите земји кои тргуваат со САД „знаат дека правилата се сменети“.

„Соединетите Држави мора да бидат третирани на фер и реципрочен начин“, напиша Трамп на Твитер од главниот град на Филипините, Манила, кое е последно место што ќе го посети во рамките на неговата турнеја во Азија.

„Огромните трговски дефицити мора брзо да се намалат“, напиша Трамп.

Тоа е тема која Трамп непрекинато ја истакнуваше во двонеделното патување во кое ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините.

Трамп нагласува дека дефицитите од повеќе милијарди долари во корист на трговските партнери на САД ќе бидат сведени на нола и дека генералната трговска размена мора да биде фер и заемно профитабилна.

На конференцијата на Асоцијацијата на земји од југоисточна Азија(АСЕАН) и на Источноазискиот самит, Трамп се трудеше да ги засили врските со земјите од тој регион, со цел да склучи билатерални трговски договори, кои ги претпочита пред мултилатералните.

XS
SM
MD
LG