Достапни линкови

Серија напади на талибанците, убиени 30 авганистански војници и полицајци


Бомбаш самоубиец со возило натоварено со експлозив вчера удри во американски воен конвој во Кандахар

Талибанските борци ноќеска нападнале петнаесетина безбедносни пунктови на југот и на западот на Авганистан, при што убиле најмалку 30 припадници на безбедносните сили, информираат авганистански претставници.

Портпаролот на полицијата во јужната провинција Кандахар информира дека 22 полицајци загинале, а 15 се ранети, кога милитантите ноќеска нападнале 15 пункта во окрузите Мејванд и Жари. Во престрелките, кои траеле цела ноќ, биле убиени 45 милитанти, а 35 биле ранети. Друг полициски претставник вели дека ниеден од пунктовите не паднал во рацете на талибанците и оти авганистанските сили пружале отпор додека не добиле засилување и воздушна помош. Петмина полицајци загинале во контролни пунктови во областа Навај.

Властите во јужната провинција Фара, пак, соопштија дека најмалку тројца полицајци и тројца цивили загинале во два талибански напади. Властите информираат дека во престрелките загинале 15 талибанци.

Нападите на талибанците почнаа откако бомбаш самоубиец со возило натоварено со експлозив удри во американски воен конвој во Кандахар, при што биле ранети четворица американски војници.

XS
SM
MD
LG