Достапни линкови

Продолжува собраниската расправа за законот за јазиците


Седница на Собранието на Македонија

Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање. Дебатата на 15. собраниска седница за овој закон беше прекината пред почетокот на кампањата за локалните избори, а продолжи вчера. Пратениците повторно ги спротивставија ставовите. За владејачкото мнозинство, законот ќе придонесе за зголемување на соживотот во државата, не го нарушува нејзиниот унитарен карактер и е во согласност со Уставот, додека за опозицијата не е уставен и неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава. Собранието по оваа, треба да ја продолжи 12. седница на чиј дневен ред, меѓу другото е и Предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија по скратена постапка.

XS
SM
MD
LG