Достапни линкови

Владите се повеќе ги манипулираат социјалните медиуми


илустрација

Владите во светот ги зголемуваат напорите со цел да манипулираат со информации на социјалните медиуми со што ја поткопуваат демократијата и ја намалуваат слободата на интеренет. Ова е оценката на Фридом хаус во денеска издаденото годинашно издание насловено „Слобода на нетот 2017“. Според оваа организација за човекови права, онлајн манипулациите и тактиките за дезинформирање одиграле „значајна улога“ во изборите во најмалку 18 земји во минатата година. Тука е вклучено и мешањето на Русија во изборниот процес во САД. „Користењето платени коментатори и политички ботови за да шират владина пропаганда го започнаа Кина и Русија, но сега тоа стана глобално“, вели претседателот на Фридом хаус Мајкл Абрамовиц.

XS
SM
MD
LG