Достапни линкови

Могерини: ЕУ има најсилно влијание врз Западен Балкан


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени дека дека Унијата има најсилно влијание врз Западен Балкан. „Не сум загрижна за влијанието или присуството на кој било друг партнер врз земјите од регионот, затоа што се уверив, повеќепати, и во текот на минатата година кога земјите се соочуваа со „сложени изборни циклуси“, дека кога ЕУ е присутна со сета своја сила и усогласена, тогаш не постои друг партнер кој има посилно влијание од ЕУ во регионот“, рече таа во врска со руската пропаганда во регионот. Могерини, по состанокот на Советот на министерите за надворешни работи на ЕУ, со кој претседаваше и на кој се осврна врз глобалната стратешка комуникација на ЕУ, потсети дека под покровителство на Европската служба за надворешни работи, летово е воспоставен тим задолжен за стратешки комуникации со земјите од регионот. Могерини оцени дека комуникацијата на Унијата со Западен Балкан е подобрена токму поради тоа што Брисел е јасен кога вели дека иднината на регионот е во ЕУ.

XS
SM
MD
LG