Достапни линкови

МААЕ: Иран работи во рамките на нуклеарниот договор


Седиштето на МААЕ во Виена, Австрија

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Иран работи во рамките на основните ограничувања на нуклеарните активности наметнати со договорот од 2015 година со шесте светски сили.

Според извештајот, Иран не го збогатил ураниумот под ниското ниво и залихите на збогатен ураниум се под ограничувањето од 300 килограми. Збогатениот ураниум може да се користи за производство на нуклеарно оружје. Инспекторите на агенцијата, како што наведуваат, немале потешкотии во пристапот на објектите кои сакале да ги посетат.

XS
SM
MD
LG