Достапни линкови

Претседателот на Либан го поздрави најавеното враќање на премиерот


Либанскиот претседател Мишел Аун

Либанскиот претседател Мишел Аун денеска ги поздрави најавите на премиерот Саад Харири дека ќе се врати во Либан од Саудиска Арабија, каде што пред повеќе од една недела објави дека поднесува оставка. Харири синоќа најави дека наскоро ќе се врати во Либан, во услови кога либанските политичари изразија сомневање дека тој се држи во домашен притвор во Саудиска Арабија.

Поздравувајќи го најавеното враќање на премиерот, претседателот Аун на Твитер напиша дека може да се дискутира „за оставката, причините и загриженоста со која мора да се позанимаваме“. Во првото интервју по поднесувањето на оставката, Харири рече дека може да се врати во Либан за два-три дена и да ја поднесе оставката и официјално.

Неговата ненадејна оставка беше сфатена како нов судир меѓу Саудиска Арабија, која го поддржува Харири, и Иран, кој го поддржува Хезболах, со кого Харири е во коалиција. Новинската агенција Франс прес навести дека Харири може да ја преиспита одлуката за оставка, ако сите страни прифатат политика на дистанцирање од судирите во регионот, особено од војната во Сирија.

XS
SM
MD
LG