Достапни линкови

Хоџај: Дијалогот меѓу Белград и Приштина не може да трае бесконечно


Kосовскиот заменик-премиер Енвер Хоџај

Дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да има краен рок, наместо да трае „засекогаш“, изјави косовскиот заменик-премиер Енвер Хоџај, додавајќи дека резултатот од овие преговори би требало да биде „членство на Косово во ОН и меѓународно признавање“.

Хоџај смета дека во дијалогот, покрај косовската Влада, треба да учествуваат и Парламентот и претседателот на Косово. Тој потсети дека краен рок за преговорите побарал уште пред три години. „Европската унија треба да изврши многу поголем притисок врз Србија, со цел дијалогот да може да го одржи својот кредибилитет“, рече тој.

XS
SM
MD
LG