Достапни линкови

Поскапуваат бензините и дизелот


Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 за три, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,5 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 68,5 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 54 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 42,5 денари за литар.

За 2,556 денари поскапува и мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 29,351 денари.

XS
SM
MD
LG