Достапни линкови

Обилни врнежи од дожд в среда и четврток


Архивска фотографија: Пороен дожд во Скопје

Влажен бран со обилни врнежи од дожд се очекуваат в среда и четврток. Наместа ќе наврнат и до 60 литри на метар квадратен. Локално, особено на југ, ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи.

Максималните температури ќе бидат до 15 степени.

УХРМ соопшти дека промената на времето е поради влијанието на циклонска активност над јужна Италија.

В петок врнежите ќе бидат со умерен интензитет и во текот на денот ќе престануваат.

XS
SM
MD
LG