Достапни линкови

Димитров - ЕУ има одговорност да ја потврди европската иднина на Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел

Успеавме да се вратиме на нашата европска патека, а ЕУ успеа да го возобнови политичкото внимание на Балканот. ЕУ има одговорност да ја потврди нашата европска иднина, а ние сме одговорни за судбината на тој пат, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел.

Постоењето на магичната фраза - политичка волја, реформската ориентираност и поддршката од нашите европски пријатели, потенцира министерот Димитров, се клучни за запечатување на европската иднина на Македонија.

Работниот појадок во неформален формат - Пријатели на Македонија е во организација на министрите за надворешни работи на Бугарија и на Шведска, а покрај Димитров на средбата учествуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На работниот појадок присуствуваа еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и сите земји членки, од кои 13 на ниво на министри за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG