Достапни линкови

Тимоние - Неопходна согласност од сите партии за евентуална средба во Париз


Архивска фотографија: Амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние

Евентуалната средба на македонските политички партии во вилата на Жан Моне во Париз треба да биде резултат на нивната подготвеност сите да присуствуваат и да работат заедно за да го изодат патот кон Европската унија. Ако не можат да се договорат, ќе се постави прашањето какво би било местото на Македонија во Унијата, смета францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање претпладнево во Битола, каде што учествува на Научен ден посветен на Првата светска војна на тема: „Балкански општества во Првата светска војна“ на кој учествуваат експерти од Франција, Романија, Албанија, Србија и од Македонија.

XS
SM
MD
LG