Достапни линкови

Протести против новите даночни прописи во Романија


Антикорупциски протести во Букурешт на 8 ноември 2017

Илјадници Романци синоќа учествуваа на антивладини протести во 10 градови, противејќи се на новите даночни измени за кои сметаат дека ќе предизвикаат намалување на платите.

Демонстрантите во Букурешт, кои носеа романски знамиња, извикуваа „Оставка“.

Романската Влада на 8 ноември со декрет усвои непопуларна мерка со која трошоците за плаќање придонес за социјално осигурување се префрлаат на работниците што досега беше обврска на работодавецот. По усвоените мерки, вредноста на националната валута се намали на најниско ниво од 2012 година.

Претседателот Клаус Јоханис, синдикатите, здруженијата на инвеститори и граѓани се противат на измените што ќе влијаат на намалувањето на платите.

Министерот за финансии Јонут Миса нагласува дека и компаниите и вработените ќе имаат корист од новата уредба. Со таа мерка, Романија стана единствена членка на ЕУ која сиот товар на социјални придонеси го префрли на вработените.

XS
SM
MD
LG