Достапни линкови

Собранието ја продолжува расправата за законот за употреба на јазиците


Седница на Собранието на Македонија

Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање. Дебатата на 15-та собраниска седница за овој закон беше прекината пред почетокот на кампањата за локалните избори. Во расправата по првото читање на законот за збор беа пријавени шеесетина пратеници.

Во досегашниот тек од расправата по овој закон, и на комисиските расправи и на продолженијата на пленарните седници, опозицијата обвини дека законот е неуставен, оти со него се кршат процедурите и дека неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава. Со законот, според опозицијата, се дискриминираат и помалите етнички заедници. Парламентарното мнозинство посочува дека законот е во согласност со Уставот, не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата.

XS
SM
MD
LG