Достапни линкови

Над 140 загинати во земјотрес на границата меѓу Ирак и Иран


Силен земјотрес во близина на ирачко иранската граница, 12.11.2017.

Силниот земјотрес во близина на ирачко иранската граница однесе над 140 човечки животи. Во земјотресот со сила од 7,3 степени биле повредени околу 1000 луѓе. Потресот се почувствувал од Турција до Кувајт. Иранската новинска агенција ИРНА јавува дека властите страхуваат оти бројот на загинатите и повредените би можело да биде поголем. Се наведува и тоа дека иранскиот град Гасре Ширин претрпел големи штети и оти имало луѓе под урантините. Во земјотресот што го погоди Иран во 2003 година со сила од 6.6 степени загинаа околу 26 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG