Достапни линкови

Ганиу: заеднички да го насочиме Чаир кон вистинскиот пат


Локални избори 2017, илустрација

Кандидатот за градоначалник на ДУИ во Чаир, Висар Ганиу на прес-конференција по вчерашното прегласување на изборното место 2901 рече дека има заслужена победа и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани. Според првичните резултати на Државната изборна комисија, за Ганиу гласале 169 лица, а за неговиот противкандидат Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА 98. Од вкупно 719 избирачи на ова избирачко место, кое беше единственото каде што се прегласуваше за вториот круг од Локалните избори, гласале 272, односно излезноста е 37,83 проценти. По вториот круг на Локалните избори, Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.

XS
SM
MD
LG