Достапни линкови

Заврши прегласувањето во Чаир, БЕСА обвинува за нерегуларности


Архива - Локални избори 2017.

Заврши гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласуваше вториот круг од Локалните избори 2017.

Според последните информации од Државната изборна комисија, до до 17 часот од вкупно запишани 719 избирачи на гласање излегле 251, односно 34,9 отсто.

Движењето БЕСА во текот на прегласувањето побара од институциите да создадат услови гласачите слободно да ја изразат својата волја и политичка убеденост. Оттаму истакнуваат дека „група насилни милитанти од партијата на власт“ им вршела притисок на граѓаните да не излезат на гласање.

„Исто така, бараме од МВР и на сите жители кои гласаат на гласачкото место 2901 да им ги вратат документите за лична идентификација за да можат да гласат. Имаме обезбедено информации дека на жителите кои живееат на оваа област им се одземени документите за лична идентификација од партиските милитантни на владејачката партија, а за сето ова била информирана и МВР“, стои во соопштението од БЕСА.

XS
SM
MD
LG